1185
0
Грузија во паника по тв прилог
Лажен телевизиски извештај дека Русија наводно ја нападнала Грузија , а претседателот Михаил Сакашвили убиен ,ги крена на нозе жителите на оваа земја. Во прилогот што го објавила телевизиската станица Имеда , се прикажуваат руски тенкови како се движат кон главниот град на Грузија Тбилиси , а новинарот јавува дека руски авиони бомбрадираат аеродроми и пристаништа. Телевизијата отишла и чекор понатаму, па емитува и наводна снимка на рускиот претседател Медведев во која тој вели
,,нема да дозволиме политички мртовец како сакашвили да го сруши вековното пријателство .затоа започнавме воена операција за ослободување на грузија од тиранијата на сакашвили ,,.
Телевизијата дури на крај на прилогот, објаснува дека изјавата на Медведев е монтирана , а снимките се стари од 2008 кога руските тенкови влегоа во Грузија. Граганите во паника и шок излегоа по улиците на Тбилиси, а итната помош беше блокирана од јавувања. голем број гарагни доживеале срцев удар , плашејки се дека се повторува историјата од пред две години.
,,како е ова можно, направија грозна работа,,
,,кога ситуацијата е толку напната , криминален акт е да се шегуваш со толку сериозни теми .телевизјата за ова треба да одговара на суд,,.велат граганите кои протестираа пред тв.
Телевизијата се извини поради паниката која ја предизвикала со објаснување дека намерата била да покажат како би изгледал најлошиот ден во историјата на земјата. Од таму велат дека на прилогот било означено дека се работи за имитација на можни случувања, но гледачите тоа не го разбрале. Јавноста бара оставки од одговорните лица во станицата и забрана да се занимаваат со новинарство.
14.03.2010, 13:48