Вести - Македонија
1531 1

Базна станица на мобилни оператори уништи археолошко наоѓалиште во демирхисарско

Парчиња керамика и делови од садови раздробени од механизација, претумбани на сите страни од откопувањата па закопувањата на рововите – вака изгледа археолошкиот локалитет градиште кај демирхисарското село Граиште. Првото уништување на локалитетот настанало при поставување антени за мобилните оператори, а потоа комплетно е разурнато обѕидувањето со ров ископан за да се постави громобран. Багерот кој ги создал оштетувањата се гледа на снимките кои ги направиле археолозите кои беспомошно молеле да се прекине со работата. Со работата со механизацијата комплетно се уништени две третини од акрополот на локалитетот.

При работата со механизацијата прво е уништено највисокото обѕидување, исто така голем број искршени уништени керамички садови почнувајќи од третиот век пред нашата ера до 13 век од нашата ера – раскажува Василка Димитровска археолог

Овој локалитет е заведен во археолошката карта на Македонија. Според пронајдените предмети од железо и византиски монети се претпоставува дека ова било јадрото на средновековниот град Добрун. Сега од локалитетот не остана ништо – сведочат археолозите

Димитровска вели дека според наодите во антиката тука се наоѓал градот Брианион споменат од римски историчари и географот Страбон. Пронајдените археолошки предмети се во музеите во Битола и Прилеп

Зошто тогаш е дозволено со механизацијата да се уништува културното добро? Кој ја издал и потпишал дозволата која значела деструкција на градиште. Од управата за културно наследство велат дека не издале дозвола за поставување на предаватели за мобилните оператори. По дојаваа од археолозите нивните инспектори биле на терен и уште денеска ќе биде поднесена кривична пријава за уништување на културно наследство

Директорот на управата за заштита на културно наследство Паско Кузман вели “Сите знаат. Jас не знам кој го порачал, ова е невидено. Досега си поднесувале барања. Ова е пропуст. Се разбира дека нема да дозволиме да се поставуваат репетитори.

Селаните пак со барање да им се врати земјиштето за тие да можат да ја земаат наемнината од мобилните оператори.

Денеска селото во демирхисарско беше блокирано од полицијата. На новинарските екипи им беше забранет секаков пристап до археолошкиот локалитет.
11.09.2009, 17:37




Коментари

Ohrid

Објавено на 12.09.2009, од Riki

Sekoj si kopa kade saka i koga saka !!! Ova e tragedija si ja unistuvame sopstvenata istorija!!! Ova da se desi vo nekoja druga drzava tesko si toj sto dozvolil postavuvanje na objekti na lokalitetot !! A kaj nas nikomu nisto!!! STRAMOTA !!