1559
1
Грчкиот врховен суд одби регистрација на Домот на македонската култура во Лерин
Македонија е географски и историски термин, а не етнички – ова е една од причините поради која Врховниот суд во Грција го одби барањето за регистрација на Домот на македонската културата во Лерин. Откако Судот во областа Македонија го одби барањето, Македонците од Лерин, ја побараа правдата пред Врховниот суд. Но, и највисоката судска институција ги одби. Одбивањето се темели на историски, а не на правни факти. Во судскиот извештај до кој дојде Kанал 5, на 20-тина страници се објаснува одлуката. Почнува од Александар Македонски, продолжува со Тито и Југославија, а завршува со осамостојувањето на Македонија. Од Виножито велат дека одлуката е политичка, а не судска.
Грчкиот врховен суд на 19 мај годинава ја потврдува одлуката на Судот од западна Македонија и го отфрла барањето за регистрација на Дом на македонската култура. Но, ова не ги обесхрабрува Македонците во Грција.
Терминот македонска култура е она што ја плаши Грција, бидејќи укажува на постоење на македонско малцинство кое говори македонски јазик.
01.10.2009, 17:24
Коментари
Објавено на 01.10.2009, од Goce Pirinski