880
4
Штипската пастрмалија од наредната недела ќе добие големо ер во кругче
Митре Готев (57), по 40 годишен печал како лаборант во една од фабриките на познатиот произведувач на гуми Пирели, дошол специјално во Штип за да ја проба штипската пастрмалија.
По толку децении работа во Розенхајм, еве ме повторно во Штип. Душа ми присака да си ја пробам пастрмајлијата, искрен е пред камерата печалбарот Митре Готев.
Штипската пастрмалија од наредната недела ќе добие големо ер во кругче.
Тоа значи, дека секој кој ќе посака за било каква цел да го употреби името прво ќе мора да основа на сопственичко право да и плати тантиеми на општината, појасни портпаролот на ЛС Штип-Драган Ристов.
Документите за официјализација на пастрмајлијата како македонски бренд се готови. Утре ќе се достават до надлежните. Логото е дело на 19 Јован Иванов студент на Факултетот за компјутерски дизајн на Штипскиот универзитет.
Уникатниот рецепт угостителите љубоморно го кријат, но, не ја кријат радоста. Редно било Штип да си го заштити она по кое го знае цел свет.
„Многу македонски градови се удираат во гради, пастрмајлијата била нивна. Една е вистина, пастрмајлијата е штипска, била и ќе биде знак за Штип кој го прослави не само во Македонија, ни и пошироко тврди угостителот Ангел Попадинов.
Граѓаните задоволни, специјалитетот од тесто и месо по децении чекање доби право на граѓанство.
Кулминација во годината е пастрмајлијадата. Тогаш, илјадници парчиња за миг ги снемува од трпезата, а муабетите се ретки, бидејќи со полна уста соговорникот ништо не се разбира.
14.03.2010, 12:18
Коментари
Објавено на 16.03.2010, од dejan
Објавено на 15.03.2010, од petre
Објавено на 14.03.2010, од realen
Објавено на 14.03.2010, од velesanec