939
0
Спасени двајца албански илегалци од сигурна смрт
Живот во сиромаштија и надеж за подобра иднина, две албански момчиња од селото Бахуте, од пограничната област Пешкопеа, ќе го платеа со своите млади животи. Благодарение на македонската полиција, како што велат дваесет годишниот Мојси Селами и неговиот три години повозрасен другар Шабан Елези, сега ќе може повторно да му се радуваат на животот па каков и да е.
- Тргнавме за подобар живот, во печалба. Но преку планини илегално. Свесни бевме дека тоа е голем предизвик, но што да се прави кога живееме во сиромаштија. Многу сме благодарни на македонската полиција ако не беше таа со хеликоптер нас повеќе ќе не немаше, изјави Мојси Селами.
Македонката територија требало да ја исползуваат само како транзит, зашто целта им била да стигнат во Грција. Се движеле преку планината Кораб. Снегот два и пол метри, ги зафатило невреме. Се јавиле кај нивните а тие веднаш ја алармирале полицијата, која побарала помош од македонските колеги. Македонската полицијата и армија ги лоцирале на, 5 километри од селото тануше.
Премрзнатите илегалци, кои со часови биле заробени на планината кораб, веднаш биле префрлени во општата болница во Дебар каде им била укажана прва помош.
„Станува збор за двајца пациенти од Албанија, кои имаат смрзнатини од висок степен на долните екстремитети. Ангажирана е цела медицинска екипа и тие сега се чувствуваат добро, изјави Баки Халили: директор на општата болница Дебар.
Во дебарската болница, каде ќе останат неколку дена, ги посети албанскиот амбасадор во нашата земја, Арбен Чејку кој искажа голема благодарност кон Македонската Полиција, Армија и општата болница во Дебар за несебичното залагање да се спасат два млади животи.
Ова е судбината на младите Албанци, посебно од областа Пешкопеа која се сметеа за најсиромашен дел на Албанија. И покрај опасностите тие не ретко се одлучуваат да ја напуштат земјата и за подобар живот да ја минат голготата на илегалец.
14.03.2010, 17:39