1552
1
Грција е под силен притисок да попушти Македонците да си го вратат имотот
Грција е под остри критики зашто ги исклучува Македонците како род. Таа е под сериозен притисок на меѓународната заедница и постојат реални шанси Македонците во брзо време да си ги вратат имотите. Како минува времето притисокот е се поголем за Канал 5 Звонимир Јанкуловски декан на Американ Колеџ.
,,Ќе видиме допрва што ќе се случи бидејќи нејзината имплементација оди на политичко тело а тоа Комитетот на министри каде седат само постојаните држави членки таму не чека вистинската борба. Таа се одвива подолго време но сега имаме резолуција која не е обврзувачка но сепак упатува на реалната слика таму, вели Јанкуловски.
,,Резолуцијата на Советот на Европа не може да влијае на судскиот спор што го води Македонија против Грција но ги подобрува позициите на македонската страна во решавањето на спорот со името. Судот во Хаг ќе се фокусира на правната рамка која е поставена во судот. Мора да се споменеме дека во земјава има големи очекувања од разрешницата судскиот спор против Грција. Ние немаме проблем со правото туку со политиката, затоа очекувањата дека таму ќе се реши проблемот е идеалистичка и премногу оптимистичка. Проблемот може да се затвори само преку советот на безбедност на Обединетите Нации вели Звонимир Јанкуловски декан на правниот факултет на Американ Колеџ.
Ѓорѓи Томиќ
14.03.2010, 18:01
Коментари
Објавено на 15.03.2010, од pravnika