935
7
Кацин: Ако Македонија не го реши името, преговори со ЕУ да почне Црна Гора
Доколку Македонија не направи напредок во преговорите за името и не почне преговори со ЕУ, дел од функционерите во Брисел размислуваат за план Б. Европратеникот Јелко Кацин за Канал 5 вели дека ако не може вниманието на Европа кон Западниот Балкан да се сврти преку Македонија, тогаш тоа би требало да се направи преку Црна Гора, која би почнала преговори за членство.
- Македонија веќе пет години не е во состојба да го надмине проблемот за името. Затоа мораме, во случај Македонија да не направи пробив, да развиеме така наречено сценарио Б. Кога Исланд ќе почне преговори вниманието на ЕУ и на меѓународната јавност ќе се пресели на Атлантикот, на страна, во друг правец од Западниот Балкан. Затоа, нам ни е многу неопходно што е можно поскоро некоја нова земја кандидатка од Западниот Балкан да биде во ситуација да почне преговори, изјави европратеникот Јелко Кацин.
Кацин не сака да зборува дали дипломатите во Брисел имаат информации за можен напредок во преговорите за името. Остава тоа да го каже македонската влада. Европратеникот нагласува дека земјава мора да направи напредок во преговорите за името, за да биде следна по Хрватска што ќе преговара со Брисел. Ако тоа не го стори, вниманието ќе се насочи на Црна Гора, која од останатите земји е отидена подалеку во интегративниот процес.
Александар Методијев
19.07.2010, 13:27
Коментари
Објавено на 20.07.2010, од Lazo Ristevski, Bitola
Објавено на 20.07.2010, од Maкедонски
Објавено на 20.07.2010, од skorpionN
Објавено на 19.07.2010, од MILAN
Објавено на 19.07.2010, од George
Објавено на 19.07.2010, од hehehe
Објавено на 19.07.2010, од Zlatko