1024
0
Се стави крај на 30 годишната еколошка голгота на над илјада жители од четири радовишки села
Со потпишување на договорот за реализација на проектот тежок 1, 5 милиони евра, чии финансиери се рудникот Бучим, Холандската Влада и УНДП, се стави крај на 30 годишната еколошка голгота на над илјада жители од четири радовишки села. Рудникот за бакар и злато Бучим стартува со работите за прочистување на водите на реките Крива Лакавица и Тополница, тотално загадени од рудниот отпад од флотациониот процес на преработка на бакарната руда.
Оваа е една од ретките вакви инвестиции во Македонија за самоодржливост на системите за пречистување и управување со води објасни Владимир Ставрич претставник на УНДП - еден од инвеститорите за чиста и здрава еколошка средина.
Мештаните повеќе од задоволни. По 30 години континуирани симптоми на пецкање во очи, киселав вкус на водата за пиење која патем речено е фатална по живот за стоката, сепак, имало спас за нивен опстанок околу рудникот.
Руските газди на радовишкиот рудник инвестираат и во обнова на шумскиот фонд. Досега на 20 хектари засадиле 45. 000 дрвца багрем и чемреш. Тие се најдобрата брана за правот сто го разнесува ветерот низ околината на хидројаловиштето, каде се лоцирани селата Топилница и Дамјан со над 500 жители.
25.10.2009, 14:39