1503
3
Вестите на Канал 5 имаат најголема гледаност
Вестите на Канал 5 се најгледани од сите програми кои ги емитуваат националните телевизии. Ова го покажува најновото истражување на Брима галуп интернешнл направено овој месец. Дури 75,6 % од испитаниците ги гледаат вестите на Канал 5 во 17, 19.30 и 23 часот. Следниот најгледан телевизиски проект е турската серија 1001 ноќ на А1 телевизија, а потоа реалното шоу Опстанок на Сител телевизија. Најдобрите екипи во Лигата на шампиони ги гледаат 41,3 % од гледачите. Од емисиите што ги емитуваат националните телевизии најгледани се КОД на Канал 5 со 39,3 %, потоа Зевзекманија со 39,2 и во Центар со 35,5 %.
Истражувањето покажува дека најголем дел од испитаниците 91,8 % ја гледаат А1 телевизија, 81 % гледаат Канал 5, потоа следуваат Сител со 74%, Телма, А2 телевизија, Алсат, Канал 5 плус, ТВ Ера и Сител 3. Најголем дел од анкетираните според старосната структура се на возраст од 25 до 54 години. Во истражувањето се опфатени сите општини во државата.
Во анкетата на Брима галуп Интершешнл опфатени се 1005 испитаници постари од 15 години. Истражувањето е правено според најсофистицираниот телефонски систем-КАТИ.
30.12.2009, 17:03
Коментари
Објавено на 31.12.2009, од irena
Објавено на 30.12.2009, од од Канал 5
Објавено на 30.12.2009, од Стојан