5162
29
Скандал во Ургентен центар: Се сликале покрај беспомошен пациент во новогодишната вечер
Скандалозни и невкусни фотографии објави на својот профил на фејсбук докторка од Ургентен центар. Сликите се направени ноќта на Нова година меѓу 31 декември и први јануари за време на дежурството. Додека дежурната екипа се слика за спомен, пациентката е оставена да лежи на количка полуоблечена со завој на раката. Нејасно е дали фотографиите се направени пред или по преземената лекарска интервенција. Во секој случај нема никаква етика ни во фотографиите, ни во коментарите. Еве дел од тоа што за пациентката пишувала докторката и нејзините фејсбук пријатели.
„А ова на количкава позади вас е жив пациент или? Може и кукла да е нели? – прашала пријателка...“
„Мачко, како избегана од спот на тв планет беше облечена. Во една салфетка од сукња со светликави карнери и едно светликаво боди се вика изгледа...-одговара докторката“
„А што беше тоа лекарска тајна...права на пациентите и слично...Сигурно добивте дозвола да ја сликате госпоѓицава, - со потсмев напишала друга пријателка. “
На сликата не можела да не искоментира и друга колешка на докторката...
„Каква сукњица не можете ни да сањате!! Ама признајте кој прв ја примети и и запеа!!!“- се пофалила колешката-
„Како не ви е срам кај ви е етиката лекарска, а можеби и таа да не е дел од екипата за дежурање на хирургија??“ прашал некој иронично...
„Е да бе,таа е фантомот..Вежбавме на неа...“-вели докторката.
“Својата професија ќе ја извршувам совесно и достоинствено. Најважна грижа ќе ми биде здравјето на мојот пациент. Ќе ги почитувам тајните што ќе ми се доверат.”
Ова е дел од Хипократовата заклетва во која се колнат сите медицински лица кога прв пат влегуваат во ординациите.
Тајните на пациентката од фотографиите не се почитуваат.
Овие слики можат да ги видат сите кои имаат профил на фејсбук.
*коментарите ги пренесуваме интегрално без преправање и затоа во нив има и странски зборови и србизми
04.01.2010, 15:31
Коментари
Објавено на 09.01.2010, од Sonja
Објавено на 07.01.2010, од ana
Објавено на 07.01.2010, од Од народот!
Објавено на 06.01.2010, од Anastasija
Објавено на 06.01.2010, од Mimi
Објавено на 06.01.2010, од Sonja
Објавено на 06.01.2010, од Eli
Објавено на 05.01.2010, од viki
Објавено на 05.01.2010, од Veve
Објавено на 05.01.2010, од Vesna
Објавено на 05.01.2010, од jas
Објавено на 05.01.2010, од билјана
Објавено на 05.01.2010, од sw
Објавено на 05.01.2010, од za sonja
Објавено на 05.01.2010, од Marija
Предходни 1