497
0
Кои се патриоти, кои предавници? Преписка меѓу Владиката Агатангел и Стоиљковиќ
Додека Јован Вранишкоски богослужи низ Македонија, владици и политичари влегоа во дуел поради него. Во црковно - партиски преписки за тоа кој е патриот, а кој предавник. Владиката Агатангел минатата недела во весник го пренесе својот револт од Светосавската академија, а Иван Стоиљковиќ го нарече план Б на српско-грчките интереси.
Првин да си го сакаме Бога, бидејќи сме се определиле и животот сме си го посветиле на Бога, потоа да си ја сакаме оваа наша македонска држава и што е најважно да го сакам мојот македонски народ, бидејќи од него потекнувам од него излегувам и морам на некој начин да го заштитам од овие негативни појави.
Чувар на огинот - ваков е насловот на писмото со кое Стоиљковиќ денеска му одговара на владиката.
“Од еден епископ се очекува многу повеќе флексибилност, дипломатски такт и вештина отколку од еден политичар. Но не по секоја цена, не без аргументи, не со подметнување, не со навреди.”
На Свети Сава Вранишкоски добил покана лично од Стоиљковиќ. Биле поканети претставници и од МПЦ но тие не дојдоа. Вранишкоски во Македонија се врати по две и пол години. Има и српско и македонско државјанство. За Српската Црква егзарх, а за Македонската расколник. Во овие крајности Вранишкоски врши верски обреди во името на неговата нерегистрирана ПОА.
08.02.2010, 17:16