Вести - Економија
1369 0

Застој на царинските складишта низ земјава

Застој на царинските складишта низ земјава. Околу 1000 стари возила во моментот чекаат за царинење. Податоците ги објави царинската управа. Намалените акцизи и царини кои треба за брзо време да се изгласаат ги натераа увозниците забрзано да увезуваат половни возила.

„Инаку лани во тек на цела година беа увезени 2900 половни возила, додека во 2008 нивниот број биле 2000. Најголем увоз имало во 2006, тогаш 4000 стари возила се увезле во земјава“- изјави Ванчо Каргов, директор на Царинска Управа

Токму поради застојот и проблемите при царинење на царинските складишта законот за акцизи се носи во скратена постапка. Се очекува да стапи на сила во втората половина на март. Со измените се намалува акцизата на старите возила и се воведува нов модел за пресметка на давачка што се базира на вредноста на возилата. Возилата со фактурна вредност до 3000 евра се целосно ослободени од плаќање акциза. Во исчекување на одлука, на пазарот продажбата на стари и на нови автомобили е замрена.
09.03.2010, 15:15