сабота, 24 февруари 2018 - Работнички го совлада Вардар за прв пролетен триумф
Работнички стигна до првиот триумф во пролетниот дел од Првата македонска фудбалска лига совладувајќи го Вардар со 2-1 во рамките на 21.коло.
 
петок, 23 февруари 2018 - Вилјареал го суспендираше Семедо
Шпанскиот фудбалски клуб Вилјареал соопшти дека е суспендиран нивниот фудбалер Рубен Семедо, откако беше уапсен под сомнеж дека заедно со двајца свои роднини киднапирале и измачувале едно лице.
 
петок, 23 февруари 2018 - Каталонецот Гвардиола има проблеми поради жолтата лента
Анлиската Фудбалска асоцијација (ФА) покрена постапка против тренерот на Манчестер сити Пеп Гвардиола поради јавно истакнување на политички ставови.
 
петок, 23 февруари 2018 - Торес може да заврши во Кина
Атлетико Мадрид ја разгледува можноста да го вклучи напаѓачот Фернандо Торес како дел од зделката со која Јаник Фереира Караско ќе се приклучи на кинескиот Далиан Ифан, објавија шпанските медиуми.
 
петок, 23 февруари 2018 - Икарди го менува Кавани, ПСЖ му нуди на Интер на 110 милиони евра
Пари Сен Жермен се вклучи во трката со Реал Мадрид за ангажман на голгетерот и капитен на Интер, Маури Икарди и е подготвен да понуди 110 милиони евра, пишува „Кориере дело Спорт“.
 
петок, 23 февруари 2018 - Хрватскиот фудбалер Дарио Срна доби 17-месечна суспензија
Поранешниот хрватски репрезентативец, Дарио Срна од страна на Националниот антидопинг центар на Украина доби суспензија во времетраење од 17 месеци.
 
четврток, 22 февруари 2018 - Ристовски со Спортинг во осминафинале, елиминари Наполи, Ница, Селтик
Македонскиот фудбалер Стефан Ристовски со екипата на Спортинг се пласираше во осминафиналето од Лига Европа, откако ја елиминира Астана.
 
четврток, 22 февруари 2018 - Серхи Роберто во Барселона до 2022 година
Фудбалерот на Барселона, Серхи Роберто, го продолжи договорот со каталонскиот клуб до јуни 2022 година, со откупна клаузула од 500 милиони евра.
 
четврток, 22 февруари 2018 - Тренерот на Влазнија избоден со нож во Скадар
Тренерот на фудбалскиот клуб Влазнија, Ернест Џока, е избоден со нож во Скадар.
 
четврток, 22 февруари 2018 - „Камп ноу“ заминува во историјата, Барселона го продава името на стадионот
Барселона преговара за продажба на правата за името на стадионот „Камп ноу“ за што клубот ќе добие над 200 милиони евра.
 
четврток, 22 февруари 2018 - Левандовски го смени агентот, се подготвува заминување од Баерн Минхен
Фудбалерот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски ја прекина соработката со својот досегашен агент Чезаре Кухарски, кој се грижеше за неговата кариера изминативе десет години.
 
четврток, 22 февруари 2018 - Монтела по ремито: Де Хеа беше неверојатен
Тренерот на Севиља, Винченцо Монтела изрази восхит од играта на голманот на Манчестер Јунајтед Давид де Хеа по ремито 0:0 на „Рамон Санчез Писхуан“ во првиот осминафиналниот дуел од Лигата на Шампионите.
 
четврток, 22 февруари 2018 - Манчестер јунајтед и Севилја одиграа без голови, Шахтјор со пресврт ја совлада Рома
Натпреварот меѓу Севилја и Манчестер јунајтед заврши без голови, додека Шахтјор на домашен терен со 2:1 ја совлада Рома во осминафиналето од Лигата на шампионите.
 
среда, 21 февруари 2018 - Балотели во Москва го бара Путин
Италијанскиот фудбалер Марио Балотели и покрај исклучително ниските температури во Москва, не ја пропушти можноста во паузата пред натпреварот со Локомотив да прошета низ руската престолнина
 
среда, 21 февруари 2018 - Куп на Македонија: Вардар и Шкендија ремизираа
Вардар и Шкендија ремизираа 1:1 во првиот меѓусебен дуел од четвртфиналето на фудбалскиот Куп на Македонија.
 
среда, 21 февруари 2018 - Вардар домаќин на Шкендија во првиот дуел од 1/4-финалето на Купот на Македонија
Денеска во Скопје од 14 часот се игра првиот 1/4-финален дуел меѓу Вардар и Шкендија во фудбалскиот Куп на Македонија на националната арена „Филип Втори“.
 
среда, 21 февруари 2018 - Продолжуваат возбудувањата во фудбалската ЛШ
Екипите на Севиља и Манчестер Јунајтед ќе се соочат вечерва во 20:45 часот на стадионот „Рамон Санчез Писхуан“ во првата средба од денешната програма на осминафиналето во Лигата на Шампионите.
 
среда, 21 февруари 2018 - Анри за Нејмар: Смени го спортот и ќе излезеш од сенката на Меси
Легендата на францускиот фудбал Тиери Анри му даде вреден совет на ѕвездата на ПСЖ, Нејмар, за кого се тврди дека ја напуштил Барселона минатото лето, за да излезе од сенката на Лионел Меси.
 
среда, 21 февруари 2018 - Баерн откри каква е повредата на Хамес
Баерн Минхен издаде официјално соопштение за повредата на офанзивниот играч Хамес Родригез, заменет непосредно пред одморот при синоќешната победа со 5:0 над Бешикташ.
 
среда, 21 февруари 2018 - Фабрегас: Ќе биде вистинско самоубиство ако се браниме во Барселона
Фудбалерот на Челзи, Цеск Фабрегас верува дека тој и неговите соиграчи ќе извршат ритуално самоубиство, доколку излезат да се бранат во реваншот на стадионот „Камп Ноу“.
 
среда, 21 февруари 2018 - Челзи и Барселона ремизираа, Баерн убедлив против Бешикташ
Натпреварот меѓу Челзи и Барселона на „Стемфорд бриџ“ заврши нерешено 1:1, додека Баерн Минхен на домашен терен со убедливи 5:0 го совлада Бешикташ во осминафиналето од Лигата на шампионите.
 
вторник, 20 февруари 2018 - Фудбалер на Виљареал киднапирал и измачувал човек
Фудбалерот на Виљареал, Рубен Семедо е упасен под три обвиненија дека заедно со двајца свои роднини киднапирале и измачувале едно лице, чиј идентитет полицијата се уште не го открива.
 
вторник, 20 февруари 2018 - Бешикташ не е заинтересиран за Фелаини
Бешикташ нема интерес да го привлече играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Маруан Фелаини.
 
вторник, 20 февруари 2018 - Бруно Лабадија го презеде Волфсбург
Бруно Лабадија е новиот тренер на германскиот тим Волфсбург.
 
вторник, 20 февруари 2018 - Италијанската фудбалска федерација загрижена за ситуацијата во Милан
Роберто Фабричини, еден од главните во италијанската фудбалска федерација, изрази загриженост од случувањата во Милан.
 
вторник, 20 февруари 2018 - Барселона го договори новиот „Иниеста“
Сезоната е во одлучувачката фаза, но во Барселона мислат и за иднината и локалните медиуми објавија дека тимот постигнал принципиелен договор за привлекување на нов фудбалер.
 
вторник, 20 февруари 2018 - Ракитиќ: Одиме на победа на „Стемфорд Бриџ“
Играчот од средниот ред на Барселона, Иван Ракитиќ, го коментираше денешниот меч во Лигата на шампионите против Челзи на „Стемфорд Бриџ“. Хрватскиот играч од средниот ред е убеден дека неговиот тим ќе ја бара победата при посетата во Англија.
 
вторник, 20 февруари 2018 - ЛШ: Бешикташ не го очекува ништо добро во Минхен
Еден од фаворитите во Лигата на шампионите - Баерн Минхен, го пречекува Бешикташ во првата средба од осминафиналето на турнирот.
 
вторник, 20 февруари 2018 - ЛШ: Челзи и Барса имаат стари сметки за расчистување
Барселона гостува во северен Лондон кај Челзи во еден од најочекуваните судири од осмина финалето во Лигата на Шампионите.
 
вторник, 20 февруари 2018 - Видео - фото: Агуеро удри фан
Напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро ги изгуби нервите по сензационалниот пораз од Виган во 1/8-финалето на ФА Купот и удри фан на домаќините.
 
Навигација: 1 I 2 I 3 I 4 I 5 I 6 I 7 I 8 I 9 I 10 I 11 I 12 I 13 I 14 I 15 I 16 I 17 I 18 I 19 I 20 I 21 I 22 I 23 I 24