четврток, 21 септември 2017 - Антиќ: Ова е моја последна сезона
Македонскиот кошаркар Перо Антиќ во изјава за српските медиуми соопшти дека ја игра неговата последна сезона. Тој пред почетокот на 2017/18 од Фенербахче прејде во Црвена ѕвезда, клубот за кој изјавуваше дека му е во срцето.
 
четврток, 21 септември 2017 - Фото: Антиќ дел од спектаклот во чест на Душан Ивковиќ
Македонскиот кошаркар Перо Антиќ беше дел од тимот предводен од легендарниот тренер Душан Ивковиќ кој синоќа во Атина стави крај на долгогодишната кариера.
 
вторник, 19 септември 2017 - Македонските клубови започнуваат со настап во ФИБА натпреварувањата
Екипите на Карпош Соколи и на Работнички ќе ја претставуваат Македонија оваа сезона во европските клупски натпреварувања организирани од ФИБА.
 
понеделник, 18 септември 2017 - Љубљана ги пречекува Европските шампиони
Со свечен дочек на плоштадот во Љубљана , Словенците ќе го прослават златниот пехар на Европското првенство во кошарка.
 
понеделник, 18 септември 2017 - МЗТ Скопје без репрезентативецот Мекиќ на дуелот со Арис
Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром попладне ќе му гостува на Арис во Солун во контролен натпревар во пресрет на стартот на новата сезона.
 
понеделник, 18 септември 2017 - Утре ,,Карпош соколи “ против ,,Калев “ од Естонија
Утре со почеток во 17.00 часот во СЦ „Борис Трајковски“, кошаркарите на К.К. ,,Карпош Соколи” ќе го одиграат првиот квалификационен натпревар против естонски Калев Крамо, за влез во кошаркарската ФИБА Лига на шампиони.
 
недела, 17 септември 2017 - Србија и Словенија прво екс ју финале на еден Евробаскет
Вечерва од 20 часот 30 минути во Истанбул, кошаркарите на Србија и Словенија ќе се борат за златниот медал на Европското првенство.
 
сабота, 16 септември 2017 - Стефан Јовиќ ќе игра во финалето против Словенија
Првиот плејмејкер на репрезентацијата на Србија, Стефан Јовиќ ќе биде подготвен за утрешното финале на Европското првенство во кошарка против Словенија, што ќе се игра во Истанбул.
 
сабота, 16 септември 2017 - Ѓорѓевиќ: Ќе играме против најдобрата репрезентација на Евробаскетот
Кошаркарската репрезентација на Србија по 2009 година повторно ќе игра во едно финале на Европско првенство.
 
петок, 15 септември 2017 - Кокошков: Во финалето ќе играме против Србија, а ќе победи Словенија
Српскиот стратег на кормлото на кошаркарската репрезентација на Словенија, Игор Кокошков очекува во финалето на Европскиот шампионат, чија завршница се игра во Истанбул, Словенија за противник да ја има Србија, но дека ќе победи неговиот тим.
 
петок, 15 септември 2017 - Драгиќ се премисли ќе продолжи да игра за Словенија
Горан Драгиќ иако најавуваше дека Европското првенство ќе биде негов последен настап во дресот на Словенија, сепак најдобриот играч на оваа кошаркарска репрезентација се премислува.
 
петок, 15 септември 2017 - Словенија прв финалист на Европското кошаркарско првенство
Репрезентацијата на Словенија е првата која обезбеди пласман во финалето на Европското кошаркарско првенство, чија завршница се игра во Истанбул.
 
четврток, 14 септември 2017 - Непоразените Словенија и Шпанија во борба за финале на Евробаскет 2017
Првото полуфинале на Европското првенство во кошарка вечерва во Истанбул, со почеток во 20:30 часот, го играат непоразените селекции досега Словенија и Шпанија, која е актуелен европски шампион.
 
четврток, 14 септември 2017 - Србија преку Италија до полуфиналето на Евробаскет
Репрезентацијата на Србија се избори за полуфинале на континенталниот кошаркарски шампионат откако синоќа во Истанбул ја совлада Италија со 83:67.
 
среда, 13 септември 2017 - Словенците предводени од Дончич и Драгич изборија полуфинале на ЕП
Словенија ја победи Летонија со 103:97 синоќа во Истанбул и се пласира меѓу четирите најдобри репрезентации на Европското првенство во кошарка. Најзаслужни за големиот успех на словенечката кошарка беше тандемот Дончич – Драгич.
 
вторник, 12 септември 2017 - Европскиот првак Шпанија прв полуфиналист на Евробаскет 2017
Европскиот шампион во кошарка селекцијата на Шпанија е првиот полуфиналист на Евробаскет 2017 откако во првото четвртфинале вечерва ја совлада Германија со 84:72.
 
вторник, 12 септември 2017 - Почнува четвртфиналната фаза на Евробаскет 2017
Во Истабнул, Турција за денеска и утре е предвидено да се одиграат натпреварите од четвртфиналето на Европското кошаркарско првенство.
 
понеделник, 11 септември 2017 - Формирани четвртфиналните двојки на Евробаскет 2017
По одигрувањето на последниот осминафинален дуел меѓу Хрватска и Русија синоќа во Истанбул познати се сите четвртфинални двојки на Европското кошаркарско првенство.
 
недела, 10 септември 2017 - Познати првите четвртфиналисти на Евробаскет
На Европското кошаркарско првенство во текот на вчерашниот ден во Истанбул се одиграа првите четири натпревара од осминафиналната фаза која ја одбележаа елиминациите на Франција и Литванија, како и слабата посета со просечни 1.350 гледачи по натпревар.
 
сабота, 09 септември 2017 - МЗТ Скопје договори обнова на соработката со Лалиќ
Хрватскиот центар Јуре Лалиќ и следната сезона ќе го носи дресот на МЗТ Скопје Аеродром, откако договори продолжување на соработката со екипата од „Јане Сандански“.
 
петок, 08 септември 2017 - МЗТ со победа над Бакиркој ја заврши мини-турнејата во Турција
Кошаркарите на МЗТ Скопје во третиот меч дојдоа до првата победа во контролните средби пред новата сезона, откако денеска, во Истанбул, го совладаа турскиот второлигаш Бакиркој баскет со 92:72.
 
петок, 08 септември 2017 - Остануваат уште две слободни места за Втората АБА лига
Покрај регионалната кошаркарска АБА лига, екипите од Балканот во новата сезона ќе се натпреваруваат и во Втората АБА лига. која ќе брои 12 учесници.
 
петок, 08 септември 2017 - Шпанија најдобро котира кај обложувалниците за освојување на Евробаскетот
Најголемите светски обложувалници и даваат најмногу шанси на шпанската репрезентација за освојување на трофејот на Европското кошаркарско првенство.
 
петок, 08 септември 2017 - Романецот Мандачеа втор кошаркар со „трипл-дабл“ во историјата на ЕП
Репрезентативецот на Романија Андреј Мандачеа на дуелот со Црна Гора одигран вчеравечер во 5.коло од групната фаза на Евробаскет 2017 постигна 14 поени, надополнети со 11 асистенции и 10 скока и стана втор играч со остварен „трипл-дабл“ во историјата на Европските првенства.
 
четврток, 07 септември 2017 - Летонија ја совлада Турција, Србија прва во групата Д
Репрезентацијата на Летонија постигна победа вечерва против Турција во натпреварот од 5. коло од Д групата од Европското првенство во кошарка.
 
среда, 06 септември 2017 - Познати четири осминафинални двојки на ЕП во кошарка
Со одигрувањето на натпреварите од 5. коло во групите А и Б познати се првите осум селекции кои обезбедија пласман во осминафианлето на Европското првенство.
 
вторник, 05 септември 2017 - Словенија и Шпанија ја продолжија серијата победи на Европското првенство
Кошаркарските репрезентации на Словенија и на Шпанија се две единствени кои имаат максимален учинок по 4.коло на Европското првенство.
 
вторник, 05 септември 2017 - Евробаскет 2017: Србија подобра од ко-домаќинот Турција
Кошаркарите на Србија ја победија Турција со 80:74 во дербито на групата Д од Европското првенство 2017.
 
понеделник, 04 септември 2017 - Трета победа за Хрватска и за Русија на ЕП во кошарка
Кошаркарите на Хрватска и на Русија ја остварија и третата победа на Евробаскетот откако попладнево постигнаа победи во натпреварите од 3.коло против Црна Гора односно Белгија.
 
понеделник, 04 септември 2017 - Месина: Новиот календар на ФИБА ги понижува играчите
Селекторот на Италија, Еторе Месина смета дека новиот ФИБА многу погрешила со новиот систем за квалификација за Светското првенство 2019 година.
 
Навигација: 1 I 2 I 3 I 4 I 5 I 6 I 7 I 8 I 9 I 10 I 11 I 12 I 13 I 14 I 15 I 16 I 17 I 18 I 19 I 20 I 21 I 22 I 23 I 24