вторник, 14 ноември 2017 - Поасон им подлегна на повредите
Францускиот скијач Давид Поасон почина по падот на тренингот викеднот во кандскито ски-центар Накиска, соопшти синоќа Францускиот скијачки сојуз.
 
вторник, 31 октомври 2017 - Боди Милер ја заврши кариерата
Американскиот скијач Боди Милер најави дека ја завршува својата кариера.
 
недела, 22 октомври 2017 - Светската шампионка во спуст се повреди
Словенечката скијачка Илка Штухец може да ја пропушти целата сезона во алпското скијање поради повреда на коленото.
 
вторник, 21 март 2017 - Дамјановски четврти на „Мавровскиот меморијал“, но со норма „А“ за ЗОИ во Пјеонгчанг
Првиот натпреварувачки ден на меѓународниот натпревар во нордиско скијање „Мавровски меморијал“ што се одржува на падините на Бистра, ги донесе трките во 10 километри во машка и 5 километри во женска конкуренција.
 
среда, 15 март 2017 - Спуст победи во Аспен за Штухец и за Парис
Словенката Илка Штухец и Доминик Парис од Италија победија на денешните спуст трки што се одржаа во американскиот ски центар Аспен. Штухец триумфираше убедливо со 66 стотинки пред Американката Линдзи Вон, а трета заврши Софија Гоџиа од Италија.
 
четврток, 09 март 2017 - Бојан Трајковски ќе ја претставува Македонија за ЗОИ на Специјална олимпијада
Атлетот Бојан Трајковски ќе ја претставува Македонија на Зимските олимписки игри на Специјална олимпијада за лица со интелектуални пречки кои под слоганот „Отчукување за светот“ ќе се одржат од 14 до 25 март во Австрија.
 
недела, 05 март 2017 - Гоџа најбрза на Супер-Џи во Кореја
Италијанката Софија Гоџа победи на супервелеслаломот возаен денеска во Џеонгсеон, Јужна Кореја во рамките на Светскиот куп.
 
недела, 19 февруари 2017 - Второ злато за Хиршер на Светското првенство во Сент Мориц
Австрискиот скијач Марсел Хиршер го освои вториот златен медал на Светското првенство во алпски дисциплини што денеска заврши во швајцарскиот ски центар Сент Мориц. Тој победи на денешната слаломска трка, а претходно беше најдобар и во велеслаломот, а сребро освои во комбинација. Воедно тој е најуспешниот натпреварувач на шампионатот.
 
недела, 19 февруари 2017 - Ристевски остана без пласман на слаломот во Сент Мориц
Македонскиот скијач Антонио Ристевски остана без пласман на слаломот што денеска се одржува во Сент Мориц во рамките на Светското првенство во алпски дисциплини.
 
сабота, 18 февруари 2017 - Златен медал за Американката Шифрин на Светското првенство во Сент Мориц
Американската скијачка Микаела Шифрин триумфираше на слаломот одржан денеска во Сент Мориц во рамки на Светското првенство.
 
петок, 17 февруари 2017 - Хиршер нов светски првак во велеслалом
Водечкиот во Светскиот куп, Марсел Хиршер е нов планетарен првак во дисциплината велеслалом.
 
четврток, 16 февруари 2017 - Македонските скијачи останаа без пласман на квалификацискиот велеслалом во Сент Мориц
На Светското првенство во скијање во алпски дисциплни што се одржува во Сент Мориц денеска се возеа квалификациските трки во велеслалом во машка конкуренција, а Македонија имаше четири претставници и ниту еден не оствари пласман со завршени две трки.
 
среда, 15 февруари 2017 - Цинцов и Кусмак победници на вториот ден на „Мавровскиот меморијал“
Бугарскиот натпреварувач Цветан Цинцов и Сања Кусмак од Босна и Херцеговина се победници на вториот ден на натпреварите на 54.то издание на „Мавровскиот меморијал“.
 
вторник, 14 февруари 2017 - Дамјановски четврти на „Мавровскиот меморијал“ и со „А“ норма за ЗОИ во Пјеонгчанг
Првиот натпреварувачки ден на меѓународниот натпревар во нордиско скијање „Мавровски меморијал“, што се одржува на падините на Бистра, ги донесе трките во 10 километри во машка и 5 километри во женска конкуренција.
 
вторник, 14 февруари 2017 - Симјановска сепак ќе се натпреварува во велеслаломот во Сент Мориц
Македонската скијачка Лидија Симјановска, доби шанса да се натпреварува во велеслаломската трка на Светското првенство во алпски дисциплини што се одржува во Сент Мориц. Согласно правилата секоја земја може да пријави по еден натпреварувач во финалето доколку истиот ја завршил квалификациската трка.
 
понеделник, 13 февруари 2017 - Ерни сензационален победник во комбинација на СП во Швајцарија
Ерни Лука им донесе голема радост на швајцарските навивачи по денешната победа во дисциплината комбинација на Светското првенство во Сент Мориц.
 
недела, 12 февруари 2017 - Фојц најбрз на мундијалскиот спуст
Швајцарецот Беат Фојц е победник на спуст трката возена денеска во рамките на Светското првенство во Сент Мориц. Домашниот скијач беше најбрз на патеката „Корвиља“ со време 1:38.91 минута.
 
недела, 12 февруари 2017 - Словенката Илка Стухец победничка на спустот во Сент Мориц
Словенечката скијачка Илка Стухец е победничка на спустот што денеска се возеше во Сент Морц во рамките на Светското првенство во алпско скијање.
 
недела, 12 февруари 2017 - Штох победник во Сапоро
Полјакот Камил Штох е победник на ски-скоковите што се одржаа ноќеска во Сапоро, Јапонија.
 
петок, 10 февруари 2017 - Холденер победничка на Алпската комбинација во Сент Мориц
Венди Холденер од Швајцарија го освои златниот медал, во женската комбинација на Светското првенство што се одржува во швајцарскиот ски-ценар во Сент Мориц.
 
петок, 10 февруари 2017 - Во понеделник почнува 54. „Мавровски меморијал“
Од 13 до 15 февруари на патеките во Маврово ќе се оддржи 54-тиот нордијски куп „Мавровски меморијал“, кој се организира во чест на загинатите 38 градители на електросистемот Мавровска хидроцентрала и 14 граничари кои загинаа од снежната лавина во 1956 година.
 
среда, 08 февруари 2017 - Канаѓаните најуспешни на супервелеслаломот на СП во Швајцарија
Ерик Геј од Канада го освои златниот, а неговиот сонародник Мануел Озборн-Парадис бронзениот медал на денешната трка во дисциплината супервелслалом што се возеше на вториот натпреварувачки ден од Светското првенство во Сент Мориц.
 
вторник, 07 февруари 2017 - Почнува Светското првенство во скијање
Со трката во супервелеслалом во женска конкуренција денеска точно на пладне во швајцарскиот Сент Мориц ќе стартува Светското првенство во скијање.
 
понеделник, 06 февруари 2017 - Одложен почетокот на Светското првенство во скијање
Почетокот на 44-то Светското првенство во алпско скијање чиј домаќин од денеска па се до 19 февруари ќе биде швајцарски ски-центар Сент Мориц е одложен.
 
сабота, 21 јануари 2017 - Вон најбрза на спустот во Гармиш
Американката Линдзи Вон веќе во својата втора трка по враќањето на скијачките патека од повредата на раката пред стартот на сезоната, успеа да победи. Таа денес во Гармиш-Партенкирхен најбрзо ја мина патеката во спуст со време 1:43.41 минута.
 
понеделник, 09 јануари 2017 - Линдзи Вон го најави своето враќање на скијачките патеки
Американката Линдзи Вон најави дека наскоро би можела да се врати на скијачките патеки.
 
вторник, 03 јануари 2017 - Вероника Зузулова е победничка на годинашната трка во „Слијеме“, Хрватска.
Словачката скијачка Вероника Зузулова е победничка на годинашната слаломска трка „Снежна кралица“ во рамките на светскиот куп која се одржа на „Слијеме“ во близина на Загреб, Хрватска.
 
недела, 01 јануари 2017 - Танде победник во Гармиш
Норвежанецот Даниел-Андре Танде беше најдобар на денешните ски-скокови во Гармиш-Партенкирхен во рамките на новогодишната турнеја „Четири скокалници“.
 
петок, 30 декември 2016 - Штефан Крафт победник на првата од четирите новогодишни скокалници
Австриецот, Штефан Крафт е победник на првиот натпревар од 65-тото издание на новогодишна турнеја „Четири скокалници“.
 
петок, 30 декември 2016 - Стартува новогодишната турнеја „Четири скокалници“
Со денешните натпревари во германски ски-центар Оберсдорф почнуваат натпреварите на 65-тото издание на новогодишна турнеја „Четири скокалници“.
 
Навигација: 1 I 2 I 3 I 4 I 5 I 6