Избрано ново раководство на ПФМ

Во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ денеска се одржа Вонредното собрание по барање на Иницијативниот одбор на кое учествуваа 14 клуба со решение за дејност спорт од Агенцијата за млади и спорт од вкупно 25 каде едногласно беше изгласан Статут, претседател, заменик претседатели за пливање, далечинско пливање и ватерполо, Управен одбор и останати тела на Пливачката федерација на Македонија, соопштија од Иницијативниот одбор.