Патиките, данската компанија ги изработи специјално за нашиот капитен и се комплетно обоени во црвена и жолта боја, како би биле брендирано во националните бои на Македонија. Исто така на патиките е впишан бројот седум, кој Лазаров го носи кога настапува за националната репрезентација.

Овие патики десниот бек на нашата репрезентација веќе ги испроба на мечот со БиХ во вторникот, а сигурно по нив ќе биде препознатлив на Светското првенство во Франција.

Лазаров е само дел од заштитните ликови на „Хуммел" заедно со Хансен, Томас, Нарцис, Хајневетер.../МИА

Датум на објава: недела, 08 јануари 2017 во 10:48
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар