Морнар синоќа на домашен терен ја совлада Олимпија со убедливи 23 поени разлика, додека Будуќност беше поуспешна од Крка на гостувањето во Ново Место.

Резултати на петте завршени натпревари од 17.коло:

Задар – Цедевита 80:94,
Партизан – Карпош Соколи 76:72,
Цибона – МЗТ Скопје Аеродром 87:79,
Крка – Будуќност 67:75 и
Морнар – Олимпија 93:70.

Вечер (18 часот) играат Мега и Црвена звезда, а колото ќе се комплетира утре со дуелот Игокеа – ФМП.

Табела: Црвена звезда 16-0 (победи-порази), Партизан 14-3, Цедевита 12-5, Будуќност 12-5, Цибона 11-6, Игокеа 9-7, Олимпија 7-10, Морнар 6-11, Задар 6-11, Карпош Соколи 5-12, Крка 5-12, Мега Лекс 5-11, ФМП 5-11 и МЗТ Скопје Аеродром 4-13. /МИА

Датум на објава: понеделник, 09 јануари 2017 во 09:16
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар