Во првото полувреме одличен на голот на француската репрезентација беше Тиери Омејер со 14 одбрани. Во ист стил во вторите 30 минути голот го чуваше Винсент Жерар.

Победникот се наѕираше уште по десетина минути игра кога Французите направи пет гола позитива, а на полувреме предноста беше двоцифрена (17:7). Во вториот дел домаќинот поведе и со 15 голови разлика и натпреварот рутинирано го приведе кон крајот.

Валентин Порте со шест гола беше најефикасен во победничкиот состав, Толедо со пет погодоци се истакна во бразилскиот национален тим.

На другите натпревари од групата А во првото коло денеска играат:

Русија – Јапонија (17:45 часот) и
Полска – Норвешка (20:45). /МИА

коментари

остави коментар