По сигурното водство во првите три четвртини во кои кошаркарите на Карпош Соколи ја одржуваат предноста од 12 до 20 поени, опуштањето во последната делница можеше да им донесе многу проблеми во финишот. Сепак, минатогодишниот финалист не дозволи сензационален старт на четвртфиналето од Купот на Македонија.

Искуството и квалитетот на Трајковски, Соколов, Лабовиќ во решевачките моменти дојде до израз. Трајковски и Соколов со 20 односно 18 поени беа најефикасните кошаркари во победничкиот состав. Кај Вардар капитенот Лефковски постигна 22 поени, Ибитајо реализираше 17 а Робев вечот го заврши со 16 поени.

Карпош Соколи во полуфиналето го очекува победникот од четвртфиналната пресметка Работнички – Куманово (почеток 18 часот.

Двојките за другите два четвртфинални дуела се:
Фени Индустри – АВ Охрид (15:30 часот) и
МЗТ Скопје Аеродром – Кожув (20:30). 

Датум на објава: петок, 17 февруари 2017 во 16:17
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар