Пандев се заблагодари за довербата и посака на 8 август на „Телеком Арена“ за трофејот во Суперкупот да се борат Јувентус или Барселона против Манчестер Јунајтед.

На денешната прес-конференција на Националната Арена присуствуваше и претседателот на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски кој најави спектакл.

- Ќе бидеме домаќини на еден од најголемите настани. Горди сме што ја заслуживме можноста да бидеме домаќини на ваков настан. Благодариме на УЕФА за дадената доверба. Ова е сон на многу генерации фудбалски работници од минатото. Стадион по сите критериуми на УЕФА. Еден од најдобрите во регионот. Чест и задоволство Горан Пандев да биде амбасадор на Суперкупот, рече Ѓорѓиоски.

Од Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор најавија дека сите рокови се запазени и дека Арената ќе биде подготвена за големиот настан.
- Досега имавме преку 80 инспекции од УЕФА и ги спроведовме сите нивни укажувања и препораки. Арената официјално за натпревари ќе биде затворена по 11 јуни кога се игра квалификацискиот дуел Македонија - Шпанија. Потоа ќе работиме на подготовка на теренот, нагласи директорот Цветко Грозданов. 

Датум на објава: понеделник, 20 март 2017 во 14:44
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар