Шведскиот интернационалец го повреди коленото при еден доскок, а менаџерот Жозе Мурињо информира дека најверојатно се работи за посериозна повреда.

- Ќе мора да ги почекаме лекарските прегледи, но по се изгледа повредата не е од полесна природа. Јас сум менаџер, а не доктор, но најверојатно вестите ќе бидат негативни, изјави Мурињо.

Покрај Ибрахимовиќ, на синоќешниот дуел Мурињо остана и без Маркус Рохо кој исто така се повреди. /МИА

Датум на објава: петок, 21 април 2017 во 09:00
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар