Дербито на колото во Битола го играат освојувачите на двата пехара оваа сезона Пелистер (победник на Купот) и Вардар (шампион).

Во Скопје се играат два натпревара. На стадионот во Ѓорче Петров е дуелот на двете екипи кои ја напуштаат Првата лига Македонија ЃП и Брегалница, додека на стадионот во Маџари играат Работнички и Победа. Во Тетово играат Ренова и Шкендија, додека во Кратово Силекс е домаќин на Шкупи. Почетокот на сите дуели е во 16:30 часот.

Табела: Вардар 79 бодови, Шкендија 66, Работнички 54, Пелистер 52, Ренова 48, Силекс 43, Победа 38, Шкупи 36, Брегалница 21, Македнија ЃП 19. 

Датум на објава: недела, 28 мај 2017 во 12:59
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар