Работнички беше единствен носител од македонските клубови и доби полсен противник, а тоа е Тре Пене од Сан Марино. Работнички ќе биде домаќин на првиот меч на 29 јуни, а по седум дена ќе гостува во Сан Марино.

Шкендија ќе игра против молдавскиот тим Дачија, прво на гостински терен на 29 јуни, а по седум дена (6 јули) на реваншот ќе биде домаќин.

Пелистер според имињата на противниците доби најтежок ривал. Битолчани ќе играат со Лех Познањ во Полска на 29 јуни, а потоа на свој терен на 6 јули. 

Датум на објава: понеделник, 19 јуни 2017 во 14:02
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар