Барди договори тригодишна соработка со клубот од Валенсија, со можност договорот да биде продолжен на уште две години.

Македонскиот фудбалер одигра одлична сезона за унгарски Ујпешт, а беше еден од најзаслужните за пласманот на Македонија на Европското првенство за играчи до 21 година во Полска. На еврошампионатот во јуни Барди исто така беше меѓу најдобрите во „црвено-жолтиот“ состав.

За Барди беа заинтересирани и екипите на Борусија Дортмунд, Штутгарт, Динамо Загреб ни Видеотон, но тој се одлучи да ги прифати условите што му ги понуди Леванте кои се уште не се објавени. /МИА

Датум на објава: понеделник, 17 јули 2017 во 15:50
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар