Ова е епилогот по одиграните полуфинални мечеви во кои Федерер го совлада  Робин Хасе во два сета со 6:3 и 7:6.

Со тоа Федерер ја продолжи победничката низа оваа сезона и се уште нема загубено меч на турниртите од Мастерс и Грен слем серијата.

Швајцарецот од почетокот на годината победи на Мастерс турнирите во Мајами и Индијан Велс, а ги освои и Грен слем титулите во Австралија и на Вимблдон.

Противникот на Федерер во финалето Александар Зверев во полуфиналето го победи 18-годишнит домашен тенисер Денис Шаповалов со 6:4, 7:5 кој претходно ги елиминираше Дел Потро и Надал.

Финалето во Монтреал се игра вечерва од 22 часот. /МИА

Датум на објава: недела, 13 август 2017 во 13:44
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар