На натпреварот одигран попладнево во СЦ „Јане Сандански“, вардарци забележаа убедлива победа над Динамо Панчево со 42-32, полувреме 20-17.

Мијајло Марсениќ со седум постигнати гола беше најефикасниот ракометар во редовите на македонскиот првак, додека Иван Чупиќ и Хоан Канељас постигнаа по еден помалку (6).

За Вардар ова е седмата победа во исто толку одиграни натпревари во СЕХА конкуренцијата, додека гостите од Србија го претрпеа и шестиот пораз.

Вардар следниот меч од СЕХА лигата ќе го игра на 28 ноември на гости кај Нексе, а веќе во сабота европскиот првак во Скопје го игра дербито во Лигата на шампионите против Рајн-Некар Левен.

Вториот македонски претставник во СЕХА лигата, Металург утре гостува во Белорусија кај Мешков Брест.

Датум на објава: вторник, 14 ноември 2017 во 21:35
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар