Тренерот на „црвено-црните“ Чедомир Јаневски се реши следните 11 играчи, да го почнат дуелот: Филип Гачевски, Висар Муслиу, Бобан Грнчаров (капитен), Дејан Блажевски, Бобан Николов, Тигран Барсегјан, Никола Глигоров, Евгениј Новак, Бесир Демири, Итало и Хуан Фелипе.

На клупата за резерви се наоѓаат: Игор Алексовски, Џамбул Џигаури, Вања Марковиќ, Дарко Велоски, Филип Стојановски, Бесир Исени и Петар Петковски.

Натпреварот ќе го суди Сергеј Бојко од Украина.

Македонскиот првак Вардар на претходните пет дуели претрпе пет порази и во последното коло ќе се обиде да стигне до триумф или првиот бод. /МИА

Датум на објава: четврток, 07 декември 2017 во 20:47
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар