Актуелната шампионка ја оствари и четвртата победа во низа, откако денеска беше најдобра на слаломската трка одржана во словенечкиот центар Крањска Гора.

До својата вкупно 42-ра победа во кариерата, Шифрин стигна со една секунда и 64.стотинки подобар вкупен резултат од Швеѓанката, Фрида Хансдотер, односно 1,64.секунди побрзо од трето пласираната Венди Холденер од Швајцарија.

Во генералниот пласман Шифрин сега ја зголеми предноста на 135 бода во однос на второ рангираната Петра Влхова од Словачка.

Со вкупно деветтата победа сезонава во Светскиот куп, Американката, е убедливо прва и во севкупниот генерален поредок сега со 1.281 бод, а далеку зад неа се Швајцарката, Венди Холденер која има 560, односно трето рангираната Влхова со 554 бодови. /МИА

Датум на објава: недела, 07 јануари 2018 во 15:48
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар