Во дуел од А групата, чиј домаќин е градот Сплит, селекцијата на Исланд со 26-24 славеше победа во дуелот против Шведска.

Во вториот меч од оваа група вечерва (20:30 часот) ќе играат домаќинот Хрватска и „лутиот“ ривал Србија. 

Во Пореч, каде ќе се играат средбите од Б групата, во првиот меч Белорусија во неизвесен меч ја совлада Австрија минимално со 27-26.

Во вечерниот термин (20:30 часот) актуелниот светски првак Франција за противник ќе ја има селекцијата на Норвешка.

Средбите од 1.коло во Ц и Д групите на програмата се утре, а за нас секако најинтересен ќе биде дуелот во Загреб каде македонските ракометари ќе играат против Словенија. 

Датум на објава: петок, 12 јануари 2018 во 20:22
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар