- Немам што да докажувам против ПСЖ. Да, јас сум од Марсеј, постои историско ривалство со ПСЖ, но мислам за Мадрид - ПСЖ, рече тренерот на „белите“ на денешната прес-конференција.
- Задоволен сум што имаме можност да играме ваков тип на натпревари. Нема тензии. Се подготвувавме добро во текот на неделата, како и секогаш. Секогаш постои напнатост, но тоа е нормално. Сите вежби и сите натпревари се важни. Не ми е гајле за мојата иднина, рече тој.
- Не, ова не е финале, тоа се два натпревари во Лигата на шампионите. Утре ќе го видиме Мадрид против ПСЖ, а не Нејмар против Кристијано. Роналдо постигна големи работи, има пет „Златни топки“, не можам да ги споредувам. Сите знаеме што прават на теренот, призна францускиот специјалист.
- Двата тима имаат еднакви шанси - 50:50. Двата тима имаат шанси да одат понатаму, рече Зидан.

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Марсело пак е сигурен дека „белите“ не треба да се концентрираат само на големата ѕвезда на Пари Сен Жермен, Нејмар во утрешниот дуел. - Ќе биде грешка ако мислиме само за Нејмар или само за напаѓачите на противникот, изјави Бразилецот на денешниот прес.

- Не сум кажал дека Нејмар ќе игра во Реал Мадрид. Реков дека тоа може да се случи еден ден. Разменивме СМС со него, но не зборувавме за фудбал, призна тој.

- Ние знаеме што треба да направиме утре. Имавме време да се подготвиме. Дуелот ќе биде многу тежок. Секое скандирање од нашите трибини ќе биде важно, секој аплауз е од помош, рече уште Марсело.

Дуелот започнува утре од 20:45 часот на теренот на „кралскиот“ клуб./МИА

Датум на објава: вторник, 13 февруари 2018 во 18:41
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар