Во моментов во Барселона играчи кои не доаѓаат од членки на ЕУ, се Јери Мина и Паулињо.

Португалскиот закон дозволува ако еден од двајцата членови на едно семејство има пасош од земјата и неговиот брачен партнер може да добие државјанство на Португалија.

Кутињо и неговата сопруга Ајне се венчаа на 12 декември 2012 година, а таа има и португалски пасош.

Постапката на Кутињо е истата со која Луис Суарез се послужи за да извади италијански пасош пред неколку години. Неговата сопруга, Софија Балби потекнува од Апенините.

Се очекува португалскиот пасош на Кутињо да и овозможи на Барселона да го финализира трансферот на Артур од Гремио./МИА

Датум на објава: вторник, 13 февруари 2018 во 18:43
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар