- Не е веќе тајна дека сме во врска со Тајгер. Нашиот интензивен пријателски однос во последно време се разви во нешто повеќе и многу сум среќна поради тоа. Им се заблагодарувам на сите кои ни даваат поддршка, напиша Вон под објавената заедничка фотографија со Вудс на социјалните мрежи.

Со оваа информација се потврдија шпекулациите кои се појавија во американските медиуми дека Линдзи е во врска со Вудс.

И двете ѕвезди зад себе оставија неуспешен брак. Линдзи се разведе од Томас Вон, додека Вудс имаше неуспешен брачен живот со Елин Нордегрен.

Датум на објава: вторник, 19 март 2013 во 10:24
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар