Изненадување претставува поразот на домашен терен на Шалке од Хофенхајм со 3:1, а гостите пласманот во следната рунда го обезбедија во првиот дел кога имаа водство од 3:0.

На другите два дуела одиграни синоќа: Унион Берлин – Кајзерслаутерн 0:3 и Хамбургер – Келн 2:1.

Останатите натпревари од осминафиналето ќе се одиграат вечерва, двојките се: Фрајбург – Баер Леверкузен, Волфсбург – Инглоштат, Ајнтрахт Франкфурт – Сандхаузен и Аугсбург – Баерн.

Датум на објава: среда, 04 декември 2013 во 09:45
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар