Со овој триумф Тотенхем се зацврсти на шестото место на табелата и остана во трката за пласман во Лигата на шампионите.

Тотенхем, под водство на новиот менаџер Тим Шервуд, поведе во 34. минута со голот на Емануаел Адебајор, а предноста ја дуплира Кристијан Ериксен во 66. минута. Една минута подоцна Дани Велбек успеа да ја намали предноста, но Јунајтед до крајот и покрај обидите не го смени резултатот.

Резултати од 20. коло

Свонси – Манчестер Сити 2:3 Арсенал – Кардив 1:0 Кристал Палас - Норич 1:1 Фулан – Вест Хен 2:1 Ливерпул – Хал 2:0 Саутемтон – Челзи 0:3 Стоук – Евертон 1:1 Сандрленд – Астонвила 0:1 ВВА – Њукасл 1:0

Табела: Арсенал 45, Манчестер Сити 44, Челзи 43, Ливерпул 39, Евертон 38, Тотенхем 37, Манчестер Јунајтед 34...

Датум на објава: четврток, 02 јануари 2014 во 09:06
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар