Кел смета дека четирите голови кој Левандовски ги постигна во полуфиналето против Реал Мадрид во ЛШ се врвот на неговата сезона и дека полскиот центарфор заслужува да се споредува со најдобрите напаѓачи од Европа.


-За мене Роберт е најдобриот напаѓач во Европа и во Лигата на шампионите. Сон на секој фудбалер е да се постигнат четири гола против големиот Реал , но тоа го стори Роберт и тоа делуваше многу лесно. Роберт секако ја прави разликата, изјави Себастијан Кел.

Капитенот на милионерите воедно истакна дека се надева дека  Левандовски и следната година да остане во Дортмунд и нема да тргне по стапките на соиграчот Марио Геце кој ќе го засили ривалот Баерн Минхен.

Датум на објава: сабота, 27 април 2013 во 14:26
Крсте Галевски

коментари

остави коментар