Според медиумите во Германија Џеко се согласил на трансфер ,останува уште двата клуба да се договорат за обесштетувањето.
Џеко на Твитер денеска напиша „Си отидов!

Един Џеко во летниот преоден рок ќе го напушти Манчестер Сити каде е незадоволен од статусот во екипата , и ќе се пресели во редовите на Борусија Дортмунд.Германските медиуми пренесуваат информација дека Един Џеко викендов бил во Диселдорф,каде се сретнал со претставниците на Борусија Д. И ги договорил своите услови за трансфер, сега останува само да се договорат двата клуба околу обесштетувањето.

Според една од верзиите Дортмунд за ангажман на Џеко ќе му плати на Манчестер Сити обесштетување од 22 милиони евра ,а според друга на Островото ќе замине Марко Ројс.

Датум на објава: понеделник, 29 април 2013 во 17:20
Крсте Галевски

коментари

остави коментар