- Анчелоти ја има целосната наша доверба. Истото важи и за нашите играчи. Информациите во медиумите за некакви смени немаат врска со вистината, порачува Перез.

Реал го загуби лидерското место во шпанската Примера по поразот од Атлетик во 26.коло, а во Лигата на шампионите среќно мина во четвртфиналето со пораз на домашен терен во осминафиналниот двомеч со Шалке.

По овој пораз медиумите почнаа да шпекулираат за подготвување на наводна смена на Анчелоти.

Датум на објава: четврток, 12 март 2015 во 17:57
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар