четврток, 20 јули 2017 - Пуштен за сообраќај регионалниот пат до село Бродец
Една коловозна лента на регионалниот пат меѓу селата Шипковица и Бродец е пуштена за сообраќај од 19:45 часот, информира АМСМ.
 
четврток, 20 јули 2017 - Шкендија го потврди пласманот во третата рунда во Лига Европа
Фудбалерите на Шкендија го потврдија својот пласман во третото квалификациско коло за Лига Европа.
 
четврток, 20 јули 2017 - Се излеа Поројска река
Поплавени ниви, затрупан дел од магистралниот пат Тетово – Јажинце, оштетена водоводна мрежа.
 
четврток, 20 јули 2017 - Максим Димитриeвски и Зоран Илиоски во „Само вистина“ во вестите во 18 часот
Која партија повеќе ја „зацрни“ Македонија во последниве 25 години? Кој е „патриот“ а кој е „предавник“? Во „Само вистина“ во вестите во 18 часот дебатираа пратениците од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ Максим Димитриeвски и Зоран Илиоски.
 
четврток, 20 јули 2017 - Работнички елиминиран од Лига Европа
Екипата на Работнички го заврши својот настап на европската фудбалска сцена.
 
четврток, 20 јули 2017 - Што ќе донесе договорот за добрососедство со Бугарија?
Бугарската вицепремиерка Захариева вели дека договорот е затворен и дека Бугарија нема намера да води нови преговори, од друга страна во Македонија стравувања од можните последици, но и позитивни ставови дека договорот е исчекор за земјава.
 
четврток, 20 јули 2017 - „Спутник“: Преговорите за членство на Македонија во НАТО ќе завршат оваа есен
Преговорите за членство на Македонија во НАТО значително се забрзани и се очекува да бидат завршени за три до четири месеци, во текот на оваа есен, тврди руската агенција „Спутник“, повикувајќи се на европски дипломатски извор.
 
четврток, 20 јули 2017 - Македонија трета во светот по бројот на испушени цигари по жител
Според најновото истражување на тутунскиот Атлас – Македонија е позиционирана на високото трето место во светот по бројот на испушени цигари.
 
четврток, 20 јули 2017 - Прекин на сообраќајот поради свлечиште на патот кон село Бродец
Поради свлечиште во висина од еден метар и должина од 100 метри, во прекин е сообраќајот на излезот од село Шипковица, на патот кон село Бродец, информира АМСМ.
 
четврток, 20 јули 2017 - Обвинителството побара доживотен затвор за обвинетите за тероризам во случајот „Диво насеље“
Државното обвинителство бара казна за обвинетите во “Дива населба” за сторен тероризам и терористичка организација, кривични дела за кои законот предвидува доживотен затвор.
 
четврток, 20 јули 2017 - Утре сончево со мала облачност
Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала облачност. УВ-индексот ќе има вредност 9.
 
четврток, 20 јули 2017 - Министерот Поповски се сретна со Прибе
Министерот без ресор во Владата на Република Македонија, задолжен за комуникација, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, денеска имаше средба со експертската група предводена од Рајнхарт Прибе.
 
четврток, 20 јули 2017 - Вардар против Копенхаген ќе игра на арената „Филип Втори“ во Скопје
Европската фудбалска федерација (УЕФА) го прифати барањето на македонскиот првак Вардар дуелот од втретото квалификациско коло за Лигата на шампионите против Копенхаген да се игра на арената „Филип Втори“ во Скопје.
 
четврток, 20 јули 2017 - Стејт департмент: Во Македонија сè уште има членови и симпатизери на ИД
Поради воениот притисок на екстремистите од „Исламска држава“, Европа во 2016 година беше цел на масовни терористички напади, а голем број држави-членки на ЕУ известуваат за значително зголемување на стапката на повратници на екстремисти од воените подрачја во Сирија и Ирак, се наведува во најновиот годишен извештај на Стејт департменот.
 
четврток, 20 јули 2017 - Заев: Важните одлуки за животната средина ќе ги носиме заедно со екологистите
Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со екологистите од невладината организација „Еко-свест“, со кои разговарал за потребата од подобрување на пристапот до информации и за можностите за поголемо учество на јавноста, особено на стручната, при носењето на одлуките кои се однесуваат на животната средина.
 
четврток, 20 јули 2017 - Пороен дожд и грмежи попладне во западните и северните делови од Македонија
Пороен дожд и грмежи во попладневните часови во западните и северните делови од Македонија најавуваат синоптичарите.
 
четврток, 20 јули 2017 - Кривични пријави за ограбувачот на аптеки и за џепџија
СВР Скопје со кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје го предаде лицето Б.П.(46) од Скопје, поради основи на сомнение дека завчера извршил кривично дело „разбојништво“ со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 1.800,00 денари.
 
четврток, 20 јули 2017 - СДСМ: Со прекинување на градбата на панорамското тркало ќе се заштедат пари
Советничката група на СДСМ и коалицијата во Совет на град Скопје поднесе иницијатива за прекинување на градежните активности на панорамското тркало кое се гради во коритото на реката Вардар.
 
четврток, 20 јули 2017 - Обвинителството побара доживотен затвор за обвинетите за тероризам во случајот „Диво насеље“
Со големо полициско обезбедување, во сала во Врховниот суд, обвинителството ги изнесе завршните зборови за случајот „Диво насеље“, во кој беа убиени 8, а ранети над 40 полицајци во терористичките напади во Куманово на 9-ти и 10ти мај пред две години.
 
четврток, 20 јули 2017 - Петир: Измена на законот за јазиците е против интересите на Македонците
Хрватската европратеничка и претседател на групата „Пријатели на Македонија во Европскиот парламент“, Маријана Петир, во настап пред своите колеги во Европарламентот, денеска се осврна на завчерашниот Совет за стабилизација и асоцијација на Европската унија и Република Македонија. Притоа, како што јави дописникот на МИА од Брисел, Петир порача дека разумот ќе надвладее кај премиерот Зоран Заев и дека тој нема да попушти, како што таа рече под уцените и притисоците во врска со измените на законот за употреба на јазиците, бидејќи според неа, тој закон ќе биде неуставен и спротивен на интересите на македонските граѓани.
 
четврток, 20 јули 2017 - Караџовски: Изборот на судии е законски и транспарентен
Судскиот совет на денешната седница донесе одлука за објавување оглас за избор на претседател на Основниот суд Скопје 1, на Апелацискиот суд Штип и за основните судови Куманово, Тетово, Дебар и Ресен.
 
четврток, 20 јули 2017 - Сугарески: Се соочуваме со сериозни проблеми на автопатот Демир Капија - Смоквица
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески вели изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквица, не е прекината поради банални причини како што тврдат од опозицијата.
 
четврток, 20 јули 2017 - Милошоски: Заев да го декласицифира договорот со Бугарија
Власта итно на отворена собраниска седница да го стави договорот за добрососедство со Бугарија.
 
четврток, 20 јули 2017 - Заев - Бабиќ: Интензивирање на соработката меѓу Македонија и Босна и Херцеговина
Посетата на висока делегација предводена од премиерот Зоран Заев во сабота во Сараево ќе биде почеток на интензивирање на соработката помеѓу Македонија и Босна и Херцеговина, за што денеска претседателот на Владата разговарал со босанската амбасадорка во земјава Лепа Бабиќ.
 
четврток, 20 јули 2017 - ВМРО-ДПМНЕ поднесе 1006 амандмани на буџетот
ВМРО-ДПМНЕ поднесе 1006 амандмани на ребалансот на буџетот за 2017. Сметаат дека предлог буџетот е неразвоен, непродоктивен и ќе го забави економскиот раст. Со овој број на амандмани опозицијата вели дека нема намера да го блокира носењето на ребалансот на буџетот.
 
четврток, 20 јули 2017 - Трошоците и имотот на пратениците на увид на јавноста
Јавноста да има увид во анкетните листови на пратениците – за тоа како гласале и колку биле активни во работата на Парламентот – ова е само дел од сетот мерки што граѓанскиот сектор го предлага за работата на пратениците да стане поефикасна и потранспарентна.
 
четврток, 20 јули 2017 - Апелација за жалбите на обвинетите во предметот „Титаник” на СЈО
Обвинетите во Апелациониот суд се пожалија за одземените пасоши. Си ги бараат назад. Судиите од Апелација разгледаа 7 жалби на обвинети во предметот „Титаник“ за изборни нерегуларности. Дел од обвинетите, вработени во Агенцијата за разузнавање велат дека немаат намера да избегаат од државата. Нивната адвокатка Сања Алексиќ вели дека тие на СЈО не му правеле опструкција.
 
четврток, 20 јули 2017 - Груби-Маасикас: Поддршка на Естонија за ЕУ-реформите
Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија Артан Груби заедно со членовите и замениците на Комисијата, денеска имаше средба со заменик министерот за надворешни работи на Република Естонија за европски прашања Матти Маасикас.
 
четврток, 20 јули 2017 - Маасикас: Гледам силна решеност за реформи и напредок кон ЕУ
Естонија е подготвена брзо да ги консолидира ставовите на земјите членки на Европската унија доколку Европската комисија даде препорака за почеток на преговори со Македонија.
 
четврток, 20 јули 2017 - Тачан: Има подготвеност за реформи, да се најде решение за името
Интензивното темпо на политичкиот процес ќе обезбеди високи стандарди кои ќе ја доведат државата поблиску до членството во НАТО.
 
Навигација: 1 I 2 I 3 I 4 I 5 I 6 I 7 I 8 I 9 I 10 I 11 I 12 I 13 I 14 I 15 I 16 I 17 I 18 I 19 I 20 I 21 I 22 I 23 I 24