понеделник, 25 септември 2017 - Филмот „Сенки над Балканот“ синоќа прикажан на фестивалот „Браќа Манаки“
Екипата на филмот „Сенки над Балканот“ во режија на Драган Бјелогрлиќ синоќа се поклони пред битолската публика на фестивалот ,,Браќа Манаки“ по проекцијата на овој филм работен како копродукција помеѓу Србија, Македонија, Русија и Босна и Херцеговина.
 
понеделник, 25 септември 2017 - Трет фестивалски ден на „Браќа Манаки“
Третиот фестивалски ден на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ ќе биде отворен со програмата за деца и проекцијата на данскиот филм за деца „Мини и комарците“ во режија на Јаник Хаструп и Флеминг Мулер.
 
недела, 24 септември 2017 - Свечено отворен фестивалот ,,Браќа Манаки” во Битола
Со македонската премиера на краткиот филм „Крајот на времето“ на македонскиот режисер Милчо Манчевски, а потоа и со премиерата на бугарско – македонската копродукција „Насоки“, синоќа во Центарот за култура во Битола започна 38. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.
 
недела, 24 септември 2017 - Почна 38. издание на фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“
Под мотото „Допри ја светлината“ и со македонската премиера на краткиот филм „Крајот на времето“ на режисерот Милчо Манчевски, синоќа во Битола почна 38. издание на интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“.
 
сабота, 23 септември 2017 - Почнува 38. Фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“
Со македонската премиера на краткиот филм „Крајот на времето“ на Милчо Манчевски, а потоа и со премиерата на Бугарско - Македонската копродукција „Насоки“ на бугарскиот режисер Стефан Командарев , вечерва во Битола ќе почне 38. Издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.
 
сабота, 23 септември 2017 - Велешкиот театар на фестивал во Јужна Кореја
Претставата „Шумата на моето дрво“ , продукција на Северно од Импакт од 2 до 10 октомври ќе биде одиграна на интернационален театарски фестивал во Сеул , Јужна Кореа.
 
сабота, 23 септември 2017 - Нема кандидат за Оскар од Македонија
Македонија нема да учествува во трката за Оскар од неанглиско говорно подрачје.
 
сабота, 23 септември 2017 - Почнува 38. Фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“
Вечерва во Домот на културата во Битола почнува 38 издание на меѓународниот филмски фестивал ,,Браќа Манаки “ .
 
сабота, 23 септември 2017 - Драмскиот театар со нова премиера - „Папагалот Историко“
Драмски театар- Скопје вечер премиерно ќе ја изведе претставата „Папагалот Историко“ во режија на Љубиша Георгиевски според неговиот роман „Монументи на глупоста“. Автор на драматизацијата е Сашко Насев.
 
сабота, 23 септември 2017 - Денови на македонската поезија во Шведска
Традиционалната културна манифестација Ден на македонската поезија во Шведска денеска по 27-ми пат ќе се одржи во Градската библиотека во Гетеборг.
 
петок, 22 септември 2017 - Осумнаесет претстави на 42. Млад отворен театар
Осумнаесет претстави се на програмата на 42. фестивал Млад отворен театар (МОТ) кој ќе се одржува од 28 септември до 4 октомври.
 
петок, 22 септември 2017 - Специјална награда златна „Камера 300“ за Милчо Манчевски
Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“-Битола, специјалната награда златна „Камера 300“, за особен придонес во светската филмска уметност за 2017 година, ќе ја додели на македонскиот и светски режисер и сценарист Милчо Манчевски.
 
петок, 22 септември 2017 - Потпишана Извршна програма за културна соработка меѓу Македонија и Кина за 2018-2023
Министерот за култура Роберт Алаѓозовски и министерот за култура на Народна Република Кина, Луо Шуганг вчера во Кина потпишале Извршна програма за културна соработка меѓу Република Македонија и НР Кина за 2018-2023 година.
 
петок, 22 септември 2017 - Концерт на македонската пијанистка Дуња Иванова
Македонската пијанистка Дуња Иванова денеска ќе одржи рецитал во Киното Култура во Скопје со почеток во 19 часот, а кој ќе го посвети на култниот јапонски композитор Руичи Сакамото.
 
четврток, 21 септември 2017 - „Папагалот Историко“ - премиера на Драмски театар-Скопје
Драмски театар-Скопје в сабота (23 септември) премиерно ќе ја изведе претставата „Папагалот Историко“ во режија на Љубиша Георгиевски според неговиот роман „Монументи на глупоста“. Автор на драматизацијата е Сашко Насев.
 
четврток, 21 септември 2017 - „Изминување на времето“ - изложба на македонски и чешки уметници
Групна изложба на ликовни уметници од Чешка и од Македонија насловена „Изминување на времето“ ќе биде отворена вечер во Изложбениот салон Империјал 2 во Културно-информативниот центар.
 
среда, 20 септември 2017 - Македонскиот филм ,,Кога денот немаше име,, во официјална конкуренција на фестивалот „Браќа Манаки“
Македонскиот филм ,,Кога денот немаше име,, на Теона Митевска ќе биде прикажан во натпреварувачката програма на Интернационалниот филмски фестивал Браќа Манаки во Битола.
 
среда, 20 септември 2017 - Битолскиот театар гостува на МИТ-фест во Црна Гора
Актерите на Битолскиот театар попладнево ќе отпатуваат за црногорскиот град Цетиње каде ќе учествуваат на тамошниот меѓународен театарски МИТ-фестивал.
 
среда, 20 септември 2017 - Изложба „Урбани документи: пејзаж-град-предел“ во Мала станица
Во рамки на манифестацијата Европски денови на културното наследство (15-22 септември), Националната галерија на Македонија (НГМ) организира тематска изложба насловена „Урбани документи: пејзаж-град-предел“ која ќе биде отворена денеска напладне во галеријата Мала станица.
 
вторник, 19 септември 2017 - „Блуз и соул фестивал“ од 22. до 24 септември
Европски блуз ќе понуди годинашниот „Блуз и соул фестивал“ (Blues&Soul Festival) кој по 21-ви пат го организира Дирекцијата за култура и уметност-Скопје (ДКУС). Во три фестивалски вечери со почеток во 21 часот, на 22-ри, 23-ти и 24 септември во ноќниот клуб Станица 26, ќе настапат четири бендови од Македонија, Шведска, Грција и Унгарија.
 
вторник, 19 септември 2017 - Награда „Македонска книжевна авангарда“ за поетесата Бистра Илин Шеќеровски
Поетесата Бистра Илин Шеќеровски е добитник на годинашната награда „Македонска книжевна авангарда“ за стихозбирката „Градините на внатрешниот сон“ во издание на НИУ МИИЦ од Панчево, Србија.
 
вторник, 19 септември 2017 - Претставата „Отровната туника“ вечер на фестивалот „Иван се враќа дома“
Фестивалот „Иван се враќа дома“ на кој гостува московскиот театар „Мастерскаја П. Фоменко” со три претстави од македонскиот режисер Иван Поповски, денеска и утре продолжува со претставата „Отровната туника" од Николај Гумиљов која на сцената на Македонскиот народен театар ќе биде изведена од 20 часот.
 
понеделник, 18 септември 2017 - Две награди за Театарот за деца и младинци на фестивал во Подгорица
Театарот за деца и младинци за претставата „Петар Пан“ во режија на Боњо Лунгов освои две награди на 6. Меѓународен куклен фестивал во Подгорица.
 
недела, 17 септември 2017 - Библиотека „Илинден“ од Делчево распиша литературен конкурс
Во чест на месецот на книгата, ЈЛБ „Илинден“ од Делчево распишува литературен конкурс на тема „Книгата мојот тивок другар“ во која ќе земат учество двете основни училишта од градот, ООУ „Ванчо Прке“ и ООУ „Св.Климент Охридски“.
 
сабота, 16 септември 2017 - Во Центарот за култура во Прилеп изложба „Дел од мене“
Во ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, синоќа беше отворена изложбата „Дел од мене“ на двајцата млади прилепски уметници Дарко Талески и Ферди Булут.
 
петок, 15 септември 2017 - 13 филмови во официјалната конкуренција на фестивалот ,,Браќа Манаки “
13 филмови, главно селектирани од престижните филмски фестивали во Кан, Берлин и Карлови Вари, се во официјална конкуренција годинава на 38 мото по ред издание на фестивалот Браќа Манаки во Битола.
 
петок, 15 септември 2017 - Во Крива Паланка изложба „Припитомување на крикот“
Четириесет театарски фотографии на Љупчо Илиевски, колор и црно - бели, снимени по разни поводи на фестивалот Млад отворен театар (МОТ) од синоќа се изложени во градската уметничка галерија на Кривопаланечкиот музеј.
 
петок, 15 септември 2017 - МАНУ организира изложба на дела од академик Васко Ташковски
Во Ликовниот салон на Македонската академија на науките и уметностите вечер од 20 часот ќе биде отворена изложба на дела (масла, акварели и цртежи) на академик Васко Ташковски.
 
петок, 15 септември 2017 - „Скопската тврдина - симбол на градот“ - изложба во Музеј на Град Скопје
Во Музеј на град Скопје вечер од 20 часот ќе биде отворена изложбата „Скопската тврдина - симбол на градот“. Автори се Снешка Лакалиска, виш кустос, Игор Кузмановски, кустос археолог и Драгица Живкова, советник кустос.
 
четврток, 14 септември 2017 - Вечерва започнува француски филмски фестивал во Битола
Со изведба на комедијата „Не е мој тип“ на Лука Белво, вечерва во Битола се отвора дводневниот „Француски филмски фестивал“, организиран од Центарот за култура -Битола во соработка со Француската Алијанса.
 
Навигација: 1 I 2 I 3 I 4 I 5 I 6 I 7 I 8 I 9 I 10 I 11 I 12 I 13 I 14 I 15 I 16 I 17 I 18 I 19 I 20 I 21 I 22 I 23 I 24