Со  овој договор ќе се прошири опфатот за осветлување на темните места, односно ќе продолжат активностите за замена на 957 и поставување на нови 124 светилки во градот и во населените места во полскиот и  во планинскиот кочански предел на осоговијата.

- Според договорот, ќе се постават нови столбови и ќе се врши замена на стари, ќе се заменуваат каблите и останатите живини светилки – со нови, ЛЕД-светилки. Со реализацијата и на овој дел, Кочани ќе биде првата општина во Република Македонија што има целосно јавно осветлување по најсовремена технологија којашто овозможува заштеда на електрична енергија и заштеда во одржувањето, истакна градоначалникот Димитровски.

Модернизацијата на системот за јавно осветлување во Кочани, нагласи тој, започна да се реализира минатата година, при што беа поставени околу три илјади ЛЕД-светилки, што резултираше со подобрена осветленост за 50 проценти и намалена потрошувачка на електрична енергија за повеќе од 60 проценти.  

Датум на објава: среда, 31 август 2016 во 11:03
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар