Како што соопшти Министерството за здравството, кинеската делегација била запознаена со работата на Центарот за традиционална кинеска медицина во Штип и изразила поддршка за идните планови за развој на овој Центар, кој е основан во рамки на проектот на Владата со поддршка од Министерството за здравство за развој на оваа дејност во Македонија, и се применуваат методи и техники како во Кина.

На средбата, како што е наведено во соопштението, било заклучено да се продолжи и унапреди соработката започната во рамки на Вториот состанок на министрите за здравство на 16 држави од Централна и Источна Европа и Кина, кој неодамна се одржа во Суџоу, провинција Џиангсу и во Шангај во Народна Република Кина, во организација на кинеската Национална комисија за здравство и планирање на семејството.

За време на престојот во Република Македонија, делегацијата од Кина оствари посети на повеќе јавни здравствени установи, меѓу кои Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство и Геронтолошки завод „13 Ноември“. /МИА

Датум на објава: понеделник, 12 септември 2016 во 15:30
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар