Последици се малолетничка бременост, напуштање на образованието, продлабочување на сиромаштијата и раст на семејното насилство. Најпогодена е ромската популација, при што истражувањата покажуваат дека секоја петта ромка влегува во малолетнички брак.

Од канцеларијата на Народниот правобранител посочуваат дека детските бракови спаѓаат меѓу најгрубите начини на повреда на детските права. Особено се тешки последиците кај малолетничката бременост во услови на недосоодветна здравствена заштита.

Најголем дел од овие детски бракови се вониституционални, заради што се предлага евиенција на малолетничките бракови за да се има увид во состојбите со цел да се преземат мерки за спречување на ваквите трендови.

Датум на објава: среда, 05 октомври 2016 во 13:46
Анета Шијакова
Обновено во: 14:59

коментари

остави коментар