Ансамблот е создаден на 12 октомври 1928 година, кога е и неговиот прв концерт во Домот на Црвената армија.

Во хорот на почетокот имало само 12, но до средината на 30-тите години на дваесеттиот век достигнуваат цели 300 лица.

Во 1978 година хорот го добива највисоко одличие за професионалност во чест на 50-годишнината на ансамблот и му е доделена почесната титула – академски.

До денес составот е двапати добитник на орденот “Црвено знаме”.

Организатор и прв уметнички директор на ансамблот е професорот од Московскиот конзерваториум, народниот уметник на СССР, композитор, генерал-мајор Александар Василиевич Александров, кој го  предводи составот 18 години.

Меѓу 1946 и 1987 година неговото место го зазема неговиот син – херој на социјалистичкиот труд, народен артист на СССР, лауреат на ленинистичка и Државна награда, генерал-мајор Борис Александрович Александров.

Во годините на Големата патриотска војна, ансамблот имал над 1500 концерти пред Советската армија.

Неколкупати колективот бил во воените жаришта, области на борбени дејства – Авганистан, Југославија, Транснистрија, Таџикистан, Чеченската Република.

Ансамблот за песни и танци на руската армија “Александров” неодамна имал турнеја од над 40 концерти низ цела Европа.

Тие  биле посветени на 70-годишнината од Големата победа во Втората светска војна.

Датум на објава: недела, 25 декември 2016 во 09:00
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар