За еден ден во Северна и Јужна Дакота наврнаа 40 сантиметри снег.

Тоа го наложи затворањето на двата главни автопати.

А многу луѓе не успеаја да отидат на работа, информираат американските медиуми.

Foto: Tanjug/AP

Националната метеоролошка служба на САД соопшти дека во голем број области на овие држави температурите паднале под минус девет степени, а на патиштата има голомразица и снежни наноси.

Foto: Tanjug/AP

Специјални служби ќе го собираат снегот и ќе им помогнат на автомобилите. Синоптичарите предупредија уште во неделата луѓето да ги сменат плановите за патувања во екот на бури. Предупредувањето беше продолжено до вторник.




Привремено беше затворен меѓународниот аеродром „Мајнот“ во Северна Дакота. Во Јужна Дакота без струја останаа 12.000 домаќинства и компании.

Датум на објава: вторник, 27 декември 2016 во 10:47
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар