Ужас во Русија. Поранешен полицаец, веќе осуден на доживотен затвор поради убиство на 22 жени во источен Сибир е на пат да стане најзлогласениот сериски убиец, откако признал дека убил уште 59 жени!

Во јануари 2015 година поранешниот полицаец Михаил Попков бил осуден на доживотна затворска казна.

Злосторствата биле извршени во периодот меѓу 1994 и 2000 година, а телата на жените во местото Ангарск кои исчезнувале ноќе, подоцна биле пронаоѓани во различни делови на Иркутската област.

Речиси  сите жртви на полицаецот манијак биле млади жени од 17 до 38 годишна возраст, кои прво биле силувани, па убивани.

Сега руските власти трагаат на местата кои Попков ги посочил како локации каде што ги погребал труповите.

Голем дел од жртвите биле ликвидирани додека тој бил на службена должност..

Датум на објава: среда, 11 јануари 2017 во 09:25
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар