Како што соопшти МВР, утринава е остварен контакт меѓу раководителот на смена на Полициската станица на граничниот премин Богородица  со раководителот на смена на граничниот премин Евзони во врска со застојот.

- Од страна на грчките полициски службеници е добиено известување дека од 2:00 часот не им се дозволува на тешките товарни возила влез во Грција поради лошите временски услови и состојбата на патиштата, стои во соопштението од МВР. 



Датум на објава: среда, 11 јануари 2017 во 10:59
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 15:03

коментари

остави коментар