Како што објавува денешен Дневник, за Македонија Лес го препорачувал рецептот на федерализација со што албанското малцинство ќе станело независно а потоа припојување кон матичната држава Албанија.
Она што го вознемири Балканот, пишува Дневник е што оваа анализа на Британскиот дипломат кој сега ја раководел агенцијата ,, Нова Европа,,  се смета за официјална Британска политика. Според него, а како што пренесува Дневник, за прекројувањето на границите имало три сценарија. Првото сценарио предвидувало  за регионот да решаваат Велика Британија, Германија, Франција, Русија и Турција со надворешна помош на САД.

Второто сценарио било Америка и ЕУ да им го препуштат Балканот на Русија и на Турција, а третото  и најлошо сценарио, според Лес, било меѓународната заедница целосна да се повлече од регионот, што би ја отворило можноста од нови судири. Лес во интервју за Хрватскиот,, Јутарњи лист,, направено по објавувањето на анализата во Форин Полиси истакнал дека било грешка на меѓународната заедница што во деведесетите заговарала формирање мултиетнички наместо национални држави на Балканот, зашто немало услови за такво нешто.
А сега шак се покажало дека Западот нема механизми како да го запре процесот ако малцинските народи се обидат да се поврзат со матичните држави. Во интервјуто за ,, Јутарњи лист,, пренесува Дневник, тој истакнал дека не предложил формирање чисти етнички држави, туку да се обезбедело целосна безбедност за на пример Бошњаците во Република Српска или за Македонците што би живееле во делот на Македонија со мнозинско албанско население. На прашањето дали со ова Заговара поделба на земјите, тој изјавил дека земјите се де факто поделени.

Својата анализа заснована на етничка географија, пишува Дневник, Тимоти Лес ја продолжува со тврдењето дека „Албанија, Србија, Црна Гора и Хрватска покажуваат оти е можна внатрешна интеграција на малцинствата“,„во Босна, Македонија и на Kосово постојат незадоволни национални малцинства на етнички хомогени подрачја чии стремежи предизвикуваат перманентни тензии…, а сите три држави се целосно дисфункционални“, анализира Тимоти Лес дипломат со поранешна служба во Бритамнската амбасада во Скопје. 


Датум на објава: среда, 11 јануари 2017 во 14:58
Мирјана Трпческа
Обновено во: 16:06

коментари

остави коментар