Ова е втора ваква резолуција поддржана од сенатската комисија за надворешни работи, по онаа од минатата година.

Претседателот на комисијата, републиканскиот сенатор Боб Коркер, по гласањето, изрази задоволство што ова сенатско тело повторно ги поддржа аспирациите на Црна Гора за членство на НАТО и изрази надеж дека овој пат резолуцијата ќе биде одобрена и од Сенатот.

Согласно американското законодавство, договорите за прием на нови членки во нато треба да бидат поддржани од најмалку две третини од членовите на сенатот.

Датум на објава: четврток, 12 јануари 2017 во 10:24
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар