Сите сакаат да станат градоначалници. Во ВМРО-ДПМНЕ потврдуваа - во партијата пристигнале многу кандидатури. Најголемиот дел, биле од старите градоначалници. 

Рокот истече  во октимври  минатата година.

Во СДСМ пак, велат дека постапката за градоначалници е во тек.

Сеуште  општинските организации ги прибирале кандидатските листи кои треба до средината на март да ги  достават до централата на Бихаќка.

Во јавноста и во медиумите веќе почнаа да се вртат имиња.

Дневник напиша дека поранешната пратеничка на СДСМ, Софија Куновска и директорот на паркинзи на општина Центар, Саша Богдановиќ би можеле да му ги поматат сметките во градоначалничката трка  на Жерновски...

На ова градоначалникот на Центар на својот Фб статус објави дека текстот покажува дека ВМРО-ДПМНЕ уште не може да преболи за поразот. Жерновски  очекува подршка од СДСМ, бидејќи анкетите покажале дека две третини од центарци се задоволи од неговата работа.

- . Јас сум предложен од речиси сите месни одбори. Денеска ќе ја предадам мојата програма, согласно партиските процедури, напиша Жерновски. 

Од СДСМ велат дека во средина на постапката не сакаат да коментираат бидејќи би било неблагодарно да фаворизираат било какви имиња. Како кандидати пак за општина Центар дел од медииумите ги објавија имињата на директорот на центарот за комуникација на партијата Иво Котевски и министерот за здравство Никола Тодоров.

Датум на објава: петок, 17 февруари 2017 во 18:22
Весна Велкова Тодоровска
Обновено во: 18:51

коментари

остави коментар